Негрижата на институциите за традиционалните градби и архитектура, го брише споменот за градот

Ако продолжи негрижата на институциите, Тетово полека, но, сигурно останува без својата автентичност.Голем дел од традиционалните објекти , значајни за историјата на градот,веќе ги нема.Тоа веројатно ќе се случи и со оваа куќа во стариот дел, во населбата Два бреста,која секој момент може целосно да се урне.Но, таа не е единствената.Наместо властите да го чуваат историското наследство,најстариот дел од градот,веќе долго време е целосно заборавен.

Локалните власти дури и во своите предизборни програми, ветуваа дека стариот дел на Тетово ќе го стават под заштита на Унеско, но, самата сликата позади мене, покажува дека сме далеку од тоа.

Ѓоко Антовски, живее спроти руинираната куќа.Освен што е жално вели, што историјата вака се брише, се плаши и за безбедноста.Објектите се на самата улица, на која секојдневно поминуваат.Надлежните вели,проблемот, не ги интересира.

И во тетовскиот музеј се свесни за проблемот, но, сами велат не можат да направат ништо.Вршат само евиденција и документација на објектите.

Во Тетово последните години, се уриваат старите, а се градат нови објекти-промени, кои полека го бришат споменот за градот.Старото градско јадро,има сеуште време да се зачува и заштити,но, не и волја кај надлежните.

Милена Вучевска

Advertisements

Поврзани вести