Нефи Усеини заработи кривична пријава оти со пиштол го тепал сограѓанинот Спире Топалоски

Полицијата го гони контроверзниот советник од ДУИ Нефи Усеини, поради тепачката која ја предизвика вчера пред хотел во центарот на Охрид,кога физички го нападнал долгогодишниот пријател Спирко Топалоски.Доколку надлежното јавното обвинителство ја реализира кривичната пријава против Усеини но и против неговиот брат,двајцата ќе бидат приведени,а не е исклучена можноста да им биде изречена и мерка притвор.

  • СВР Охрид: СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Нефи Усеини и неговиот брат поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Според тврдењата на повредениот Спирко Топалоски,физичката пресметка пред очите на неговиот малолетен син,во која  Усеини извадил и пиштол,била заради бизнисменот Зоре Темелкоски, со кого како соседи во населбата Рача имале несогалсувања околу водоводната мрежа.

  • Нефи беше надвор од автомобилот и кога му падна пиштолот, му падна точно пред ноѕете на син ми .Тој го зеде пиштолот и почна да мафта со пиштолот накај син ми, да го репетира. Среќа во несреќа што и јас не носев пиштол.Во тоа време синот кај ви беше?Тука беше, Зоре Темелкоски го тргна и му рече на син ми,го цитирам:Ти копиле едно каде одиш со татко ти, сега на татко ти ќе видиш што ќе му направам.Клучот на проблемот е Зоре Темелкоски,Зоре е небитен тип, матен ,марен капиталистички тип– вели Спирко Топалоски.

 Нефи Усеини не само што  дематира дека со кудак од пиштол го мавал Топалоски,туку тврди дека воопшто не носел пиштол и оти на Топалоски му поделил неколку тупаници затоа што го навредувал. 

Се обидовме да го добиеме и бизнисменот Зоре Темелкоски но тој не одговара за телефонските повици.

Инаку за потсетување,ова не е прв инцидент на Усеини. Лани го натепа професорот Иљас Иљази, со тупаници го докусури советникот Џемал Мена,а не ги поштеди ниту градежните инспектори кои вршеа увид на дивоградбата во центарот на градот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста