Нефи Усеини „невидлив“ за полицијата

Четири дена по инцидентот ни трага ни глас од советникот Нефи Усеини,кого полицијата го гони, ама никако  да го најде. За тепачката што се случи сред бел дел во хотел во центарот на Охрид, кога Усеини физички го нападна долгогодишниот пријател Спирко Топалоски, вчера на предлог на Основното јавно обвинителство, одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Иако добро упатени извори сведочат дека советникот од ДУИ во текот на изминативе денови имал контакти со одредени лица токму во градот, полицијата не успева да му дојде зад петици. Тој постојано бил во движење, незадржувајќи се подолго од неколку минути на иста локација,затоа полицајците не можеле да го лоцираат.

СВР Охрид: За распишување потерница потребна е наредна од судот.Но СВР Охрид има распишано локален распис и кога лицето ќе биде пронајдено,ќе биде приведено.

Во меѓувреме основното јавно обвинтелство прибира матерјални докази и сослушува сведоци. Правни екперти коментираат дека Усеини на кого ова не му е прв инцидент, и добро го познава законите ,ќе чека да органите на прогонот да ја завршат својата работа и сам се пријави сведен дека против него , нема  да има елементи за притвор,доколку очевидците сврдочат во негова корист.

Инаку, според кривичната пријава, Нефи Усеини, но и неговиот брат се товарат за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“,за сега според матерјалните докази и исказите на сведоците, тие одговараат само за ‘’насилство’’-според правните експерти,станува збор за тешко кривични дело за кое следи казна затвор и до 5 години. Што се однесува за второто кривично дело,” неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали Алфа дознава дека дополнително се испитува дали станувало збор за огнено оружје,кое според тврдењата на Спирико Топалоски, Усеини го употребил додека физички се пресметувале.

И овој случај, ќе покаже дале Усеиникој беше ставен на листа за пратеници на ДУИ во 5-та избпорна единица, за потоа во последен момент да биде повлечен,е толку моќен, што ниту една кривична пријава против него не завшила со негово приведување, ниту пак казнување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста