Неексплодирана граната пронајдена кај Батинци

Неексплодирана граната е пронајдена од страна на стариот пат за село Батинци, каде се врши дотур на земја. На местото каде е пронајдена гранатата, има полициско обезбедување, чија задача е го обезбедуваат местото за истата да не дојде во допир со мештаните, од МВР велат дека се известени за случајот од страна на 35 годишен жител од селото Батинци кој го забележал убојното средство.
Од дирекцијата за заштита и спасување која е надлежна за случајот не прецизираа кога ќе биде отстранета гранатата, само не информираа дека од утре ќе се преземат мерки и активности за подготовка на просторот за нејзино уништување.
Пронајдено е не експлодирано убојно средство, истото е извадено при ископ на земја позади старата Железничка станица од страна на градежна фирма. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид на лице место на стариот пат кон село Батинци и констатирано е дека се работи за авионска бомба од 250 кг или 500 либри, со должина од 1.20 м и широчина од околу 40 см, соопштија од ДЗС.
Од дирекцијата изјавија дека за случајот биле известени вчера наутро, од страна на МВР.