Недоволна грижа за пацинетите на Институтот за ТБЦ, директорот бара решение

Институт за ТБЦ – ковид центар. Нема никој, нема кого да прашаш, не креваат на телефон. Семејствата оставаат храна и вода за нивните блиски, но таа со часови стои на маса и нема кој да ја однесе – ова е дел од видеото снимено од еден од пацинетите во ковид центарот во Институтот за белодробни заболувања. Ваков третман на болните траел подолг период брифираат за Алфа дел од медицинскиот персонал на клиниката, посочувајќи дека за болните кои се во голем број се грижат многу малку медицински сестри и лекари.

За видеото кое созаде бура од реакции од јавноста на социјалните мрежи го прашавме и првиот човек на Институтот за ТБЦ д-р Суад Зејнел, тој за Алфа вели дека е запознаен со ситуацијата и превземени биле соодветни мерки.

“Во тек сме со случувањата… ги превземавме се сите мерки. Известен е ДЗСИ, во текот да денот ќе излеземе со детални инфромации.” –  вели за Алфа директорот на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ д-р Суад Зејнел.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 65 нови пациенти. Само на интерните клиники се направени  20 приеми од нив тројца  биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Во овој ковид центар се лекуваат вкупно 52 пациенти.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста