(Не)демократија , во демократскиот храм – Собранието блокирано ама од кого ?

Блокирани закони, закочена работа на собраниските комисии, нефункционално Собрание- народните избраници никако да најдат заеднички јазик и да почнат да ги разгледуваат законите кои се носат во корист на граѓаните. Опозицијата со бројни амнадмани интервенира во она што власта го пласира, а мнозинството пак заборава на парламентарната демократија и се бранат дека опозицијата прави опструкции во функционирањето на Парламентот, заборавајќи дека нивна обврска е да бидат коректив на власта . Поранешната пратеничка Фросина Ременски во изјава за Алфа вели дека препукувањата помеѓу партиите е легитимна алатка, но треба да се најде начин како да се излезе од оваа замка во која заглавени се бројни закони.

Познавачите велат дека и во услови кога во една Комисија работата е блокирана подолг временски период самиот собраниски спикер може да назначи пратеник кој ќе ја води расправата.

Парламентарната демократија познава право на дебата, а не забрана да се разменуваат мислења, вели и анлитичарот и комуниколог Бојан Кордалов. Дециден е дека политичлите партии да се надминат во своите интереси о да застанат во одбрана на народот.

Последната собраниска статистика вели дека не само што Собранието речиси и не функционира, туку и во услови кога се гласале закони тоа се правело по скратена постапка или со злоупотребено европско знаменце за да се заобиколи постапката. Ако во 2020-та во Парламентот биле донесени 65 закони речиси сите поднесени од владата или од мнозинството, главно користејќи го европското знаменце за да се заобиколи постапката, до септември лани пратениците се ставиле на брза лента и донесени се дури 165 закони.

Токму за ова предупреди и официјален Брисел од каде сериозно им забележуваат на мнозинството дека се носат закони по скратена постапка.

Јавноста бурно реагира дека се штанцаат закони кои и одат во прилог на власта, но не и оние за кои со месеци чекаат граѓаните. Социјалните мрежи веќе залепија етикета дека македонското Собрание е нефункционално за обичниот граѓанин. Но во ваквата ситуација собранискиот спикер не гледа проблем – Собранието било ефикасно проблем биле Собраниските Комисии.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста