Нечисти води го полнат Охридското езеро, пумпите со години не се одржуваат

На северниот дел од крајбрежјето поради нефункционалноста на колекторискиот систем, отпадните води непочитистени се излеваат во Охридското езеро- пумпните станици на овој потег се надвор од употреба,алармиараат екологистите.  

Овој колекторот гледаме дека нема некој посебен ефект.Велам посебен, бидејќи имаше некоја ревитализација на делот од Гранит па навака а другиот дел е така останат-вели БОРЧЕ СТОЈАНОСКИ- Еколошко друштво “ Грашница “ Охрид.

Дотраеноста и неодржувањето на колекторскиот систем изграден пред речиси 4 децении од една страна и незаинтересираноста на надлежните институции долг низ години да го решат проблемот, го искористија многу невладини организации.

Јас мислам дека тие проекти беа претежно наменети за, ај да кажам во наводници, за едукација.Точно, да се потрошија  по наши сознанија многу пари од различни невладини здруженија и квазиздруженија, а очигледно од тоа нема фајде.Нити свеста се зголеми,нити имаме некои позитивни резултати во тој поглед.Состојата  е такава каква што е,парите се потрошени, колекторот се излива во езерото-рече Борче Стојаноски- Еколошко друштво “ Грашница “ Охрид.

Сепак под притисок на Унеско,на крајот на 2019-та државата започна санација на колекторсиот ситем,која сеуште трае. Колекторскиот систем кој е еден од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство,се најде и во последниот извештај на Унеско.  

Меѓутоа ако го разгледавре извештајот, има тука обрски и за другата страна.Значи во поседот во Албанија воопшто нема колекторски систем-вели КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ-градоначланик на Охрид.

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален и да се санирааат 20 пумпни станици. Голем број експерти ја отвораат дилемата,дали санацијата реално ќе го реши проблемот со отпадните води или можеби беше потребно да се изгради на нов колекторски систем.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста