Небото во Австралија црвено, луѓето бегаат на плажи

Вонредна состојба во Австралија. 20 луѓе загинаа, половина милијарда животни изгореа , уништени се, 14,5 милиони хектари површина, како и 1.500 домови, Пожарот кој ја зафати земјата никако да стивне,  пожарникарите го опишуваат како еден од најлошите во историјата.

Градот Памбула е испразнет, улиците се пусти и се полнат со густ чад. стотина жители засолниште побарале на плажите. Во ова подрачје се уништени бројни куќи, а властите стравуваат дека може да има и мртви.

Огнената стихија исто така проголтаа 8.000 коали со што сега се прогласени за „вид во ризик од исчезнување“.

Пожарникарите кои се на терен во последните 24 часа стравуваат дека ситуацијата би можела да се влоши во следните денови.

Во моментов во земјата активни се 146 пожари, од кои 65 не се ставени под контрола. На терен се околу 2.700 пожарникари.

Поради чадот националниот авиопревозник откажа голем број летови. А, на пожарникарите им помагаат 3.000 војници.

Славната ѕвезда Пинк најави помош од  500.000 долари за локалните пожарникарски служби, како и тенисерката број еден во светот, Ешли Барти која рече дека освоените пари на турнирот во Бризбејн ќе ги донира во за настраданите во катастрофалните пожари.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста