Не запираат реакциите за скандалозната распределба на државни пари за проекти од национален интерес

Не запираат реакциите за скандалозната распределба на државни пари за проекти од национален интерес

„Новата програма за култура е уште еден доказ дека оваа влада продолжува со уништувањето на се што е македонско и традиционално„. Ова е ставот на директорот на единствениот интернационален театарски фестивал за деца во државата, Васко Мавровски.  Новата распределба на државните пари, повторно ги вознемири уметниците. Дел од проектите или се со скратен буџет, а други пак вооошто не се најдоа во програмата на министерството.

  „Заштита на мозаиците во Хераклеа се поддржани со 70.000денари. Годишната програма на Националната установа Народен театар Битола  е во иста вредност колку што чинат и двата театарски фестивали во Гостивар и во Дебар 3 милини денари.Зборуваме за градови во кои и воопшто нема театари. Ако го земеме во предвид тоа дека 4-5 цркви во овој регион не се вклучени во заштита на културно богатство, освен Курбиново кое заслужува да биде поддржано од министерството, тоа мене ми зборува дека целосно се уништува македонскиот културен идентитет„ изјави Васко Мавровски-актер и директор на ТФ„Битолино„.

Годинава за 120.000 денари е намален и буџетот на Фестивалот на камерен театар„Ристо Шишков„ во Струмица. Неговиот директор Ванчо Ристов коментира дека сепак се среќни што се нашле во програмата, бидејќи долги години се на маргините на ресорното министерство. 4милиони денари се одобрени за Фестивалот„ Чернодрински„ а за единствениот интернационален фестивал за деца „Битолино„ каде низ годините имат настапувано театарски претстави од пет континенти, годинава нема ниту денар. Мавровски за кого ваквата одлука е небулозна, вели дека министерството директно ја крши Конвенцијата за заштита на правата на децата и за ова ќе ја извести Светската асоцијација на детски театри.

   „Надвор од разумот е традиционалните фестивали и манифестации да ги разгледува некаква комисија за култура, бидејќи Ристо Шишков, Војдан Чернодрински, сметам дека немаме толку големи авторитети коишто ќе може даа одлучуваат дали Ристо Шишков или Чернодрински треба да бидат поддржани од министерството. Мислам дека тоа е нивна должност„ изјави Мавровски.

Во наредниот период престои процес на жалби во кој сите незадоволни уметници ќе можат да ја обжалат одлуката на министерството. Годинава буџетот за „Галичка свадба„ речиси е на половина од парите предвидени за „Кенге Јехо„меѓународниот фестивал на стилизирани песни и ора што се одржува во Струга. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста