Не запираат проблемите на оризопроизводителите: Поројните дождови им ја одложија жетвата

Поројните дождови ја одложија жетвата на оризот. Поради калта, одвај е ожнеано 15 отсто од овогодинешниот род. Ако не се стабилизират временските прилики, земјоделците стравуваат дека жетвата би траела и до првиот снег.

„Јас имам уште малце. Побрзав и постасав со жетвата, ама има многу што не постасаа, па оризот може да остане и по полето. Народот нема волја да жнее, нема откуп“, вели Тоше Данаилов, оризопроизводител од село Чифлик.

Ова дополнително ќе им ги замати калкулациите на оризопроизводителите кои поради ланскиот што им остана непродаден, сега ќе нема каде да го складираат овогодинешниот род.

„Дури 50 проценти од лани ни остана оризот. Сега и овој. Се што имаме ќе се расипе. Ќе се изведе или мувлоса“, вели Петре Димитров, оризопроизводител од Чешиново.

Оризопроизводителите бараат државата да прогласи елементарна непогода, но и да си останат на зборот што го дадоа пред изборите дека ќе притиснат за откупувачите ја зголемат цената. Категорични се дека новата интервентна мерка од 3денари за килограм нема да помогне.

„Абе шо е 3денари?! Ние нема да ги видиме тие пари! Не ја откупуваат арпата. Ќе ти ја земе по 14, 15денари. Те уценува!“, вели Тоше Данилов, оризопроизводител од село Чифлик.

„Со таа цена ние не можеме ништо да направеме. Директно сме во загуба 100 проценти. Ѓубрињата, водата за прскање, комбајнот и биењето и рандаманот за нас нема ништо“, вели Петре Димитров, оризопроизводител од с.Чифлик

Поради ниската цена и лошиот откуп оризопроизводителите од Кочанско организираа неколку протести. Но наместо да им се понудат конкретни решенија, премиерот нив ги окфалификува како партиски војници и преседатели на местни комистети.

Александра Ристевска