Не веќе „како до сега“: Мицкоски и новата Владата покажуваат дека се многу поразлични од претходните

Не веќе „како до сега“: Мицкоски и новата Владата покажуваат дека се многу поразлични од претходните

Нема веќе како до сега. Премиерот Христијан Мицкоски со најавата дека за сите важни национални прашања и евроинтеграциите, ќе се консултира и со опозицијата, покажува дијаметрално спротивна политика од онаа на претходната власт. Владите предводени од Заев и Ковачевски, сите договори што директно удираат по македонските национални интереси, ги донесоа без разговори со речиси никој во државата. Таков беше случајот со договорот за добрососедство со Бугарија, со Преспанскиот договор, како и со прифаќањето на францускиот предлог.

Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски, ваквата најава на Мицкоски е и повеќе од позитивна, бидејќи за сите важни прашања од национален интерес, мора да постои консензус кај сите во Македонија, нешто што во минативе седум години го немаше, па сега Македонија е блокирана на европскиот пат.

-Она што до неодамна беше непознато во политиката на денешната опозиција, тогашна власт, која за клучните врвни национални интереси, вклучувајќи го договорот од Преспа, промената на името и договорот за добрососедство со Бугарија, едноставно ја исклучи опозицијата, го исклучи гласот на оние кои се клучни во креирањето на решение за ваквите прашања, изјави Јанкуловски.

За евроинтегративниот процес, лидерот на СДСМ Венко Филипче побара да се разговара на затворена собраниска седница. Според Јанкуловски, тоа покажува дека кај новата опозиција во Македонија ништо не се променило, туку дека пак сакаат да сокријат од граѓаните.

-Начинот на размислување на сегашната опозиција, тогашна власт, најдобро можете да го видите во рпедлогот на лидерот на денешната опозиција, кој бара затворена собраниска седница на која ќе се расправа за нашето интегрирање во ЕУ. Не гледам причина зошто ова прашање би се расрпавало на затворена седница освен ако сегашната опозиција, тогашна власт има нешто што народот не треба да го слушне, нешто што беше карактеристика токму на таа политика, да се занемари волјата на мнозинството народ, изјави Јанкуловски.

Мицкоски потенцираше дека преку разни институционални канали ќе работи со Европската комисија и партнерите со цел изнаоѓање на достоинстено решение, согласно националните интереси за напредок кон евроинтеграциите. Диктати  не прифаќа. Премиерот рече дека писмено ќе им се обрати на сите инволвирани страни, со цел уште еднаш да ја потврди недвозмислената волја за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста