Не стивнува револтот кај лекарската фела која и покрај фалбите на власта, сепак остана без ветените 100.000 денари

Незадоволството и револтот меѓу болничките ѕидови стануваат се поголеми. Ветувањата на СДСМ за плата од 100 000 денари,  дадени уште во 2016 година, до ден денеска не се остварија. Нереализираните идеи за поголеми плати на здравствените работници, Министерот за здравство ги прикриваше со прикажување на податоци за бруто плата, во која се вклучуваат и придонесите – реагираат од Синдикатот на Клинички Центар.

Кога се говори за плата, секогаш се мисли на нето плата, односно на онаа плата која работникот ја добива и му е на располагање. Со сите покачувања, доктор специјалист во Клинички центар има 55370 денари основна нето плата, медицинска сестра со средно стручно образование 22701 денар основна нето плата, што е далеку од ветените 100000 денари плата за доктор специјалист, и двојното зголемување на платите на медицинските сестри – велат од Синдикат на Клинички Центар

Синдикатот ги претстави конкретните барања на лекарската фела која е директно засегната од целокупната ситуација со корона вирусот, а се упатени кон  партиите кои претендираат да ја водат државата во наредните 4 години. Меѓу другото, да им  се исполни претходното ветување за бесплатен паркинг или паркинг до најмногу 200 денари, двојно зголемување на платите на здравствените работници оти платата за лекар специјалист која  во јавноста се прикажува со висина до 110 000 илјади, моментално изнесува 55 370, што е двојно помалку. Бенифициран стаж, годишниот одмор да се зголеми за 10 дена, а Ковид 19 да стане професионално заболување за вработените во здравството. Истовремено, им порачаа на партиите дека членовите на синдикатот нема да ги придобијат со општи и нејасни ветувања, туку само со конкретно произнесување за она што нив најмногу ги засега, а тоа е јасно дефинирање на планираното покачување на нивните плати.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста