Не што ја запали, туку како изгоре модуларната за само три минути-клучно прашање за истрага,но и одговор што го чека јавноста

Непроверена  инсталација, лесно горливи материјали,објект изграден без противпожарна бариера-овде треба да се бара најголемиот виновник за пожарот во модуларната болница.Не, што го предизвикало пожарот, туку најважното прашање во целата истрага е како се запали целиот објект за само три минути.Искусниот пожарникар Бобан Трпкоски за Алфа објаснува од што пламна цела модуларна,но и укажува на бројните пропусти.

-Болницата, да бидеме искрени изгореа материјалите со кои е изградена, затоа што еве во неа, и некое екперти потврдија дека е изградена од пур материјали, кои лесно горат и имаат висок коефицент на штетни гасови при горењето. Зошто изгоре толку брзо, изгоре затоа што немаше никаква противопжарна бариера внатре во објектот. Кога би било како би требало да биде, би горело подолго, некаде околу 40 минути, што дава доволно време да се спасат сите останати, можеби би насдрадале тие што се во таа соба… – вели пожарникарот Бобан Трпкоски.

Само со едноставно исклучување на склопката при направениот спој во продолжниот кабел,трагедијата вели, можеше да се избегне,или барем да заврши со многу помала штета.Но,тоа не се случило.Струјата останала под напон.Требало повеќе да се внимава и на инсталацијата, за која после ова, излегува дека не била со доволен капациетет да издржи уреди кои трошат повеќе струја,како што е дефибрилаторот.Трпкоски вели, дека е многу веројатно спој да се случел дури и апаратот за реанимација да бил приклучен сам во штекер.

-Што ќе значеше ако склопката се исклучеше во моментот?

  • Па немаше да дојде до т.н. варење на спроводниците и при таков спој се јавува голема температура, близу 1000 степени, и сигурно не би се запалиле тие запаливи материјали.. Многу е важно да се види значи каква инсталација имала болницата, дали она што го барал дефибрилаторот велат дека бил причинител и за оној продолжен кабел за пожарот, дали тие би можеле да издржат толкаво повлекување на струјата кое што го има дефлибилаторот. Каде и дали била исклучена струјата, таа не била бидејќи моите колеги која дојдоа на лице место, употребуваа вода, и видовте се јави една екплозија од електричната енергија, значи сепак дека главниот напон бил под напон на електрична енергија и дека сеуште имало електрична енергија во објектот вели пожарникарот Бобан Трпкоски.

Одговорност за најповиканите нема-изјави вчера Премиерот Заев. Оставките не ги прифати и си го оправда и зачува Министерот Филипче.. Токму за ова јавноста реагира и негодува.За ваква трагедија велат,мора да се одговара, а не да се штитат партиските функционери.

Значи електричната инсталација не била соодветна на опремата која што било планирано да се користи.Објектот не бил 2 часа огноотпорен, за да овозможи евакуација на пациентите и персоналот.Дали проектот бил правилно проектиран?

Измама на власта.На мал спој, одма осигурувачите се исклучуваат. Мафијаши.

Доколку се појави спој има осигурувачи,има ПП апарати, меѓу панелите се става стаклена волна како изолација бидејќи не гори..овде изгледа немало ни осигурувачи, ни ПП апарати, ни стаклена волна и никој не е крив??

Трпкоски апелира ова да биде поука-како, што и со кои стандарди ќе се гради во иднина.Контролите при изградбата на објекти,се најважни и мора да бидат квалитетно и професионално сработени, за ваквите трагедии да не се повторат никогаш.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста