Не само пилоти – во предизборието СДСМ ветувале вработување на стујардеси и тајни агенти?!

– Ова е Арачиново или Струмица? Овој народ исто како во Струмица… вака им се обраќаше лидерот на СДСМ, а сега Премиер Зоран Заев во изборната кампања на арачиновци.

Но, сепак не е исто. За разлика од Арачиново, во Струмица, тогашниот лидер на СДСМ во битка за гласови не вети вработувања на пилоти. И тоа не еден, двајца, туку 300. И не само тоа, оваа општина на периферијата на Скопје требала да биде и ризница за стујардеси, тајни агенти и што се не. Да не беше разочарувањето на локалните жители, македонската јавност немаше да дознае што се се ветувало.
СДСМ остро реагираше и влезе во војна со телевизијата 21 демантирајќи дека такво ветување било дадено, и влезе во кампања да го оцрни граѓанинот кој ја даде изјавата. Според информациите на Алфа, вистината е некаде на средина. За време на предизборната кампања, во Арачиново било ветувано многу, и едно од ветувањата било за вработување на жителите на скопскиот аеродром. Дали бил кажан зборот пилот или контролор на летање, не можеме да утврдиме.
Но, приказната за 300 пилоти, иако многумина ја земаа на мајтап, отвара низа посериозни прашања. А тоа е, што се ветувал лидерот на СДСМ на Албанците во Македонија за да седне во сегашната премиерска фотеља.

По сведочењата на локалното население поминати биле границите на традиционалните ветувања за локални патишта, канализации и слично.

Како што е познато на предвремените парламентарни избори најголемото изненадување за сите беше учинокот на СДСМ меѓу Албанското гласачко тело. Според резултатите, Заев и СДСМ на изборите во 2016 година освоија околу 70 илјади гласови на Албанците, импозантна бројка која досега не ја добила ниту една партија од Македонскиот политички блок. Во сега фамозното Арачиново, СДСМ дури успеа да го победи ДУИ.

– Резултати избори 2016 Арачиново
СДСМ 2.052
ДУИ 1.456
Алијанса на албанците 723
Беса 794
ВМРО-ДПМНЕ 15

Ако се погледнат овие бројки, ветувањата за 300 пилоти, тајни агенти, па дури и космонаути можеби и добиваат на тежина.

Елена Марковска