Не е вината само кај граѓаните, олабавени се и опуштени кон мерките, оти такви се и надлежните, порачуваат здравствените работници

Да не се префрла целата вина за ширењето на коронавирусот само кај граѓаните,оти олабавени се и надлежните, сметаат здравствените работници. Ако на почетокот на пандемијата ,тетовските власти постојано бараа и  предложуваа мерки, последниов период, кога состојбата и тоа како е алармантна во полошко,ги нема никаде. Прво треба надлежните да се свеснат,оти ако тие се опуштени и народот ќе биде.

-Сите би требало да се ангажираат, не само градоначалниците, туку и пратениците и сите. Да сватат дека ова е озбилна состојба и не е шала, да не чекаат дома да им се случи нешто во фамилија, па да речат, да еве вистина било дека се умира од овој вирус, изјави ЏАВИД ФЕЈЗУЛАИ- Специјалист по хигиена и здравствена екологија

Месецов Тетово е со речиси секојдневно двоцифрени бројки на новозаразени. Со тоа расте бројот и на лица во изолација, близу 600.Полицијата контролира, но, мерките не се почитуваат целосно. Пациенти шетаат позитивни,се прекршува мерката за изолација, за неносење заштитни маски пак, досега се казнети илјадници лица.

И денеска побаравме одговори од локалните власти, дали и што прават околу состојбата со вирусот во Тетово, но, не добивме.Медиумите остануваат непожелни, а пример за тоа е и последниот кризен штаб, кој се одржа минатата недела после повеќе од два месеца, а разбравме од социјалните мрежи.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста