НБА: ТОРОНТО И БОСТОН УБЕДЛИВИ ВОДСТВА (3-0), ЈУТА И КЛИПЕРСИ СО ПРЕДНОСТ ОД 2-1

Последниот, практично актуелниот НБА шампион, Торонто најбрзо дојде до 3-0 и се наоѓа на само чекор до источното конференциско полуфинале. Репторси со 117-92 повторно беа убедливи со Бруклин и в недела можат да ја минат првата рунда од плеј офот. Во иста ситуација во тој дел од лигата е и Бостон кој по 102-94 исто води со 3-0 против Филаделфија. На западот е далеку понеизвесно, па и повозбудливо. Јута го разнесе Денвер со 124-87 и поведе со 2-1 иако не е фаворит, а Клиперси се намачија за истото водство со Далас. Екипата од ЛА славеше во Орландо со 130-122 и води во серијата која продолжува утревечер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста