НБА: МАЈАМИ НА КРИЛЈАТА НА ТАЈЛЕР ХИРО ПОВЕДЕ СО 3-1 ПРОТИВ БОСТОН

Мајами го совлада Бостон со 112-109 и сега има 3-1 во финалето од источната конференција што е на само една победа од големото финале на НБА. Резервниот шутер Тајлер Хиро со 37 поена и со процент од 67 насто на упатените удари ги водеше Хитс низ тесниот меч во Орландо во кој сите ѕвезди беа на своите бројки, па Батлер имаше 24, Драгич 22, а Адебајо 20 поени кај победникот, а Тејтум 28, Браун 21 и Вокер 20 кај поразените. Разликата ја направи 21 годишнит Хиро кој стана вториот најмлад играч во историјата кој во оваа фаза од напреварувањето имал повеќе од 35 поени. Мајами в петок навечер ќе се обиде веднаш да стагне до финалето кое за него би било шесто во последните 14 години, а во меѓувреме, вечерва се игра четвртиот меч на западот. Таму Лејкерси водат со 2-1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста