НБА: Лејкерси со втор пораз во низа, Портланд оствари важна победа над Денвер

ЛА Лејкерс врзаа два порази во низа откако изминатата ноќ го загубија дуелот со  Хјустон со 113:97. Лидерот на Западот повторно беше без ЛеБрон Џејмс, а во негово отсуство најефикасен беше Кајл Кузма со 23 поени додека Ентони Дејвис имаше 17. Во победничкиот тим прво име беше Џејмс Харден со 39 поени, 12 асистенции и 8 скока.

Портланд забележа  важна победа над Денвер со 125:115. Демијан Лилард одигра добар меч во кој оствари 45 поени, со 12 асистенции, додека кај  Денвер најдобар беше Мајкл Портер со 27 поени и 12 скокови.

Составот на Милвоки Бакс стигнаа до нова победа откако со 130:116 го добија на домашен паркет Мајами.

На останатите средби кои с еодиграа изминатата ноќ:

 

Далас – ЛА Клиперс 111:126

Сакраменто – Њу Орлеанс 140:125

Феникс – Индијана 114:99

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста