НБА: Лејкерс во криза, Далас подобар од Милвоки, Денвер со голем пресврт против Јута

Лејкерси играат лошо во продолжението од НБА сезоната, а најдобар доказ за тоа е четвртиот пораз во шесте досегашни меча во Орландо. Пурпурно жолтите од ЛА ноќеска загубија и од Индијана со 116-111 и тоа најмногу по заслуга на Ти Џеј Ворен кој им даде 39 поена. Пејсерси со ова имаат реални шанси за четвртото место на истокот каде лидерот Милвоки исто делува дека е во пад. Бакси изутринава загубија од Далас со 136-132, а нова блескава партија имаше Лука Дончиќ кој уфрли 36 кошаааа, со 19 асистенции и 14 скока што е негов 17-ти Трипл дабл сезонава. Од ноќешната НБА програма го споменуваме уште мечот на Денвер и Јута во кој Нагетси победија со 134-132, но по две продолженија и по голем преврт бидејќи Џез водеа со 18 разлика.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста