НБА: ЛЕЈКЕРС подобар од ДЕНВЕР, важни триумфи на ФЕНИКС и ДАЛАС

Лејкерси го победија Денвер со 124-121 во најинтересниот меч утринава во Орландо по што Нагетс нема да дојде во ситуација утревечер против Клиперси да се бори за второто место во тој дел од НБА. Триото Леброн, Дејвис, Кузма комбинираше 81 поен, а екипата од ЛА ја запре серијата од три пораза. На влезот во последната недела исполнета со натпревари од основниот, таканаречениот регуларен дел од НБА уште неколку двобои во кои екипите бараа место или подобар пласман за плеј офот. Така со 35 поени на Девин Букер Феникс ја совлада Оклахома со 128-101 и ги задржа шансите за осмото место на западот, а Далас без Дончиќ и Порзингис ја победи Јута со 122-114 и во финишот може да скокне и до петтото место во истата конференција. На истокот безбедно првиот Милвоки го одмораше Јанис и загуби од Торонто со 114-106 што на првакот му го обезбеди второто место на крајот од овој дел. Тој се игра до петок, а веднаш потоа, преку викендот тргнува и плеј разигрувањето за титулата.  

Advertisements