НБА: ГОЛЕМИ ПАРТИИ НА РЕНДЛ, ВЕСТБРУК, ЕМБИД И ПОБЕДИ НА ВОДЕЧКИТЕ ЈУТА И ФЕНИКС

Неколку извонредни партии во НБА во текот на ноќта која донесе дури 12 меча. Така Џулиус Рендл од Њујорк и уфрили 40 поени на Атланта за 137-127 за Никси, Расел Вестбрук имаше трипл дабл со 14 коша, 10 асистенции и дури 20 скока во славјето на Вашингтон со Голден Стејт од 118-114, а Џоел Ембид заврши со 38 поена и 17 скока, но за разлика од претходните неговиот тим загуби од Феникс со 116-113. Ова беше 42 триумф за Санси кои го одржуваат притусокот врз водечката во цела НБА Јута која пак утринава оствари лесна победа во Хјустон од 121-89.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста