НБА: ГОЛДЕН СТЕЈТ НА КРИЛЈАТА НА СТЕФ КАРИ КАКО ВО НАЈДОБРИТЕ ВРЕМИЊА

Голден Стејт е првиот тим во новата НБА сезона што доаѓа до две победи. Вориорси дома славеа и со вториот тим од ЛА, Клиперси и тоа доста тесно 115-113 и секако најмногу по заслуга на Стефон Кари кој мечот го заврши со 45 поени и 10 скока. И важечкиот првак играше втор меч, но Милвоки загуби и тоа екстремно убедливо. На Флорида Хиро, Батлер и Адебајо беа со преку 20 поени, Јанис остана на само 15, па Мајами ги понижи Бакси со 137-95. Во последниот деул утринава се сретнаа двете големи ѕвезди Тре Јанг и Лука Дончиќ, а победата и припадна на Атланта која го победи Далас со 113-87. Ол старовите не се истакнаа особено, па плејот на Хоукси имаше 19 поени со 14 асистенции, а Лука комбинација од 18 коша, 11 скока и 7 додавања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста