НБА: Ентони Дејвис блескаше, Лејкерси го обезбедија првото место на западот

Ентони Дејвис имаше феноменална вечер во Орландо по која Лејкерси може да се олабават зошто првото место на западот им е загарантирано. Центарот имаше 42 поена и 16 скока на кои Јута немаше одговор па доживеа пораз од 116-108. Лејкерси имаат шест победи повеќе од Клиперси, а до крајот на овој дел од скратената програма имаат по пет меча. Во исто време второто место на Клиперси е спорно бидејќи Денвер на крилата на Никола Јокиќ кој оствари трипл дабл од 30 коша, 12 фатени топки и 10 асистенции во продолжение славеше со Оклахома со 121-113. Нагетси сега се на само победа поналку во оваа битка. Што се однесува до другите средби во неделната НБА понуда: Њу Орлеанс беше подобар од Мемфис со 109-99, Филаделфија го победи Сан Антонио со 132-130, Индијана славеше со Вашингтон 111-100, а Торонто со Мајами со 107-103.

Во меѓувреме НБА тренерите ги прогласија Мак Баденхолцер од Милвоки Бакс и Били Донован од Оклахома Тандерс за најдобри тренери во оваа пролонгирана сезона. Во гласањето на предводниците на 30-те екипи двајцата добија ист број гласови и според правилата ја поделија престижната награда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста