Како што се ближи датумот за продолжување на суспендирана НБА сезона се поостри се правилата кои го третираат однесувањето на кошаркарите. НБА лигата донесе одлука според која играчите ќе бидат казнети доколку го прекршат карантинот започнувајчи од 30 јули па натаму. Прв играч кој ги беше санкциониран е центарот на Сакраменто, Ришон Холмс кој го напуштил кампот во Орландо, за да земе одредена храна која му се допаѓа, а ја немал во моментот. Нему поради ваквиот непромислен потег би можела да му биде скратена месечната плата. Клубовите инаку се ноаѓаат во камп во Дизни комплексот во Орландо каде ќе биде доиграна НБА сезоната и ги имаат сите неопходни услови за подготовка и продолжение на првенството закажано за 31 јули.