НБА: БОСТОН НАМАЛИ ВО ФИНАЛЕТО НА ИСТОКОТ ПРОТИВ МАЈАМИ НА 1-2

Бостон славеше со Мајами со 117-106 намали на 1-2 и остана со шанса да биде претстваник на истокот во големото финале од НБА лигата. Селтикси овој пат не ја испуштија создадената предност, можеби и затоа што таа беше доста висока, 13 на полувреме, 19 во третиот период. Мајами вообичаено имаше пеколен финиш, но веќе беше подоцна. Бостон имаше разновидност со четворицакошаркари со повеќе од 20 поени: Браун со 26, Тејтум со 25,Вокер со 21 и Смарт со еден помалку, додека кај Жешките над соменатат граница беа само Адебајо со 27 и Хиро со 22 коша. Следниот меч од оваа серија е во среда, а вечерва и во вторник навечер ќе ги следиме вториот и третиот меч од финалето на западната конференција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста