Назначени двајца нови в.д. директори на комунални претпријатија во Штип

Откако двајцата директори на двете комунални преторијатија во Штип си дадоа оставка, првиот човек на градот веднаш се зафати за работа за да го реши проблемот. За да се воспостави ред во хигиената и паркинг наплатата во градот, назначи нови в.д.директори. Трајче Здравков ќе раководи со „Исар“, а Игор Ефтимов со „Стипеон“. Најавија реорганизација и ревизија во финансиското работење.

„Со денешното назначување на в.д. директори на времено вршење на должноста на јавните претпријатија сакам да најавам дека во наредниот период сите идни локални функционери ќе бидат со времено извршување се со цел да бидат пофункционални, поодговорнии да служат на граѓаните. Доколку се утврди нивна неодговорност, истите ќе бидат разрешени“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Општината се уште не почнала да ја разгледува опцијата кај кои од директорите кои се именуваат од страна на градоначалникот треба да бидат сменети. Од денес повторно почна да се работи на ииграда на конзолите за пешаци на ободите на река Отиња.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста