НАВИВАЧИТЕ НА БАРСЕЛОНА ЈА ЗАПОЧНАА ПРОЦЕДУРАТА ЗА СМЕНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАРТОМЕУ

Социосите на Барселона собраа 16.250 потписи и синоќа ги доставија во Камп Ноу на проверка и верификација, по што е извесно дека ќе мора да дојде до гласање за доверба на претседателот Жозеп Марија Бартомеу. Тој од Лионел Меси беше посочен како главен виновник за кризата во клубот. За да си замине Бартомеу на референдум две третини од вкупно 150-те илјади членови мора да гласаат за негова смена. Инаку редовните претседателски избори во Барса се во март до година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста