Наутро министри, попладне трка по гласови – Партиите од власта на големо се пуштени во трка по гласови за локалните избори

Наутро министри, попладне во трка по гласови. Иако официјално не е почната кампањата за локалните избори, сепак партиите од власта на големо веќе ветуваат проекти, инвестиции. СДСМ речиси секојдневно организира трибини, на социјалните мрежи се фали со, како што ги нарекуваат, успесите кои тие ги постигнале.

Дел од аналитичарите велат  дека како се наближува датумот за избори, кампањата на партиите ќе биде засилена, но со фалење на непостоечки проекти таа само ќе биде со контра ефект.

Засилената активност се базира на одредени ветувања или проекти кои биле остварени врз кои ќе се обидат да мобилизираат гласови, особено кога говориме за партиите од власта. Доколку се оди со некоја форумула каде што се истакнуваат некакви успеси кои не се случиле или некакви лажни ветувања на кои сме навикнати, тогаш тоа може да влијае негативно и сосема да ја промаши целта, а тоа е мобилизација на нови гласачи. Особено кога станува збор за одредени проекти кои што воопшто не се случиле или нивната реализицаија била катастрофална тогаш тоа служи како потсетник на граѓаните зошто не треба да се гласа за тие политички елити-вели Владимир Божиновски – аналитичар.

Како пример, наведе неколку фалби на власта, кои според него не се соодејствуваат со реалната слика.

Имаше одредени брифинзи во јавноста дека власта изградила 1000 км патишта и 250 км автопатишта во изминатите 4 години, мислам дека секој еден граѓанин дека нема ниту еден нов километар автопат. Се пуштија автопатите кои беа направени од претходната власт, додека пак автопатот Кичево-Охрид кој го очекувавме 2017-2019 година, повторно се одложи. Дури и оние 2 км автопат накај Косово се уште не се изградени-рече Владимир Божиновски – аналитичар.

За успесите на Владата кои цело време ги повторуваат,особено на здравствен план Божиновски вели дека Македонија е на црните листи по смртност во Европа по глава на жител, а додека другите земји привршуваат со масовната имунизација, ние дури сега добиваме поголема пратка на вакцини. Аналитичарот уверува дека обидот да се направи промоција на непостоечки проекти кои лесно можат да бидат демантирани, нема да вроди со плод.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста