Наумовски: Работам и во кризниот штаб, колеги и лекари се откажаа затоа се вакцинирав

Не постои приоритетен список за вакцинирање од Ковид во охридската општа болница,кој сакаше доброволно да се вакцинира беше ставен на тој список.Бидејќи голем дел од медицинскиот персонал ја прележа заразата, а дел не сакаа да се вакцинираат од различини причини некои и од финансиски,јас изразив желба да бидам вакциниран-вели секретарот на болницата кои се најде на списокот за викцинирање заедно со останатиот мецински персолан. Се сложувам дека треба да има приритет но јас не само што сум секретар на оваа здравствена установа задолежен за павиљонскиот дел на болницата,туку сум и  член на кризниот штаб во болницата, така што не знам зошто моето вакцинирање би се толкувало како злупотреба додава Наумоски, кој самиот на социјалните мрежи се пофали оти примил вакцина.

  • Нешто е прејудицирано за различни дури цели, повеќе мислам дека тука има вмешано политика отколку што има реален проблем.Што доколку бидеш казнет од ресорното министерство?Јас не гледам причина и можност да бидам казнет,јас не знам што е тука проблем да биде вакциниран еден секретар на јавна здравствена установа кој 24/7 е во контакт со доктори со здравствени работници-рече Антонио Наумоски-секретар во општа болница Охрид.

Директорот на болницата доктор Горан Балев кој не гледа проблем во вакцинирањето на  секретарот,го прашаваме како ја толкува изјава на министерот Филипче кој најави казни за прекршување на планит за вакцинација, дали е подготвен да понесе одговорност?

  • Па не гледам дека сум направил некој не знам како прекршок или не знам што за толку да се пишува или не знам каква одговорност треба да понесам јас или болницата.За мене треба цела болница да се вакцинира, нормално во оваа фаза нормално ќе му се даде предност на медицинскиот персонал,меѓутоа и да имало некој таков превид јас не го сватив тоа како да е којзнае каква голема повреда на законот или нешто друго-рече д-р.Горан Балев дир на општа болница Охрид.

И додека Балев најавува ревидирање на списоците за вакцинирање,јавноста на социјалните мрежи, распали по Филипче.

-“Абе овој секрератот му ја земал вакцината на Филипче.

-Ако е за санкции прво Филипче да биде санкциониран.Прво да ги осудиш докторите од нефрологија кои на журка со мекици направиле ковид каластер и убиле пациент,па после казнувај некој што сака да спаси жива глава и да дојде до вакцина која вие сеуште не сте успеале да ја набавите како што треба за една шака народ.

-И да е така не знам зошто толку врева , па вие набавивте +4000 вакцини, полека “има” за ситe – ова се дел од бројните кометари по изјавата на министерот кој како што напиша на фб,силно ја осудувал злоупотребата при процесот на вакцинирање.Дури откако се случи пропустот во охридската болница,тој најави дека ќе се ревидираат листите на вакцинирани и секој што ја злоупотребил својата позиција или контакт ќе бил соодветно санкциониран.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста