Научно докажано: Луѓето кои постојано доцнат се поуспешни и живеат подолго

„Јас не сум неодговорна личност, туку сум оптимист!“ – ова може да ви биде новиот научно поткрепен изговор доколку спаѓате во групата на луѓе кои често доцнат на сите закажани средби, а како поткрепа имате студии и ставови на експерти на оваа тема.

Тие велат дека луѓето кои имаат обичај да доцнат насекаде се поздрави и посреќни од оние кои секогаш се секаде на време – причините за тоа барем според ставот на научници од САД е затоа што се „оптимисти и ентузијасти“ – поради што и секогаш доцнат.

„Многу луѓе кои доцнат се оптимисти и нереални, што влијае на нивната перцепција на времето. Веруваат дека е можно да се стигне некаде, дури и кога не е можно“, вели Дијана ДеЛонзо, авторка на книгата „Never Late Again“ во која ја објаснува психолошката позадина на доцнењето и дава совети како оние кои сакаат да си ја корегираат оваа социјално неприфатлива навика да го сторат тоа.

„Најголемиот дел од луѓето кои доцнат се и оптимисти и се нереални. Тоа значи дека тие навистина искрено веруваат дека можат, на пример, да одат на џогирање, да се истушираат, да застанат до продавница и да купат намирници за вечера, да ги земат алиштата од хемиско и да успеат да стигнат на време за да ги земат децата од на училиште – сето тоа за еден час. Тоа е прилично оптимистички распоред, но многу „хронични доцначи“ навистина веруваат дека е возможен, дури и кога неколку пати ќе се уверат дека не е. Тоа ниво на оптимизам го занемарува преполнетиот распоред за краток временски период“, пишува ДеЛонзо во својата книга.

Според истражувачи од медицинскиот факултет во Харвард, резултатите велат дека оптимистичкиот поглед на животот може да предизвика подобро здравје и помал ризик од смрт. А дека има врска и со успехот, покажува студија направена меѓу продавачи која заклучува дека оптимистите продале 88% повеќе од нивните песимистички колеги. Успехот им е поголем бидејќи имаат подобра презентација, подобар „лук“ пред клиентите.

Наредниот пат кога некој ќе ви доцни на состанок, имајте предвид дека се работи за посреќна, поздрава и попродуктивна личност, па бидете и вие посреќни што ќе имате средба со токму таков човек!