Научна фантастика – здравствената фела не верува во платите што ги ветува Филипче

Научна фантастика – здравствената фела не верува во платите што ги ветува Филипче

Научнофантастичен филм или прво априлска шега се ветувањата на СДСМ за покачување на платите на докторите и медицински сестри за повеќе од 32% и укинување на партиципацијата од 20% за јавните здравствени услуги реагираат здравствените работници. Според нив овие огромни и амбициозни ветувања од страна на носителот на ИЕ4, Венко Филипче се далеку од реални. Од Независниот синдикат на здравствени работници велат дека невозможна мисија е доктор специјалист да достигне плата до 180.000 денари.

“Ова може да се каже како научнофантасичен филм или прво априлска шега. Оваа година буџетот на ФЗО е околу 46.7 милјарди денари и 8 милијарди од МЗ, со овие пари значи ние ако одиме со покачување на платата за 120 илјади за докторите за специјалистите 180 за сестрите 100.000 – сега просечна плата на сестра во ЈЗУ со средно образование е околу 25.000 денари за да стигнеме до цифрата до 100.000 денари ние треба да го зголемиме буџетот за 150%” вели Боби Бојчевски, од независниот синдикат на здравствени работници.

Според независниот синдикат, “мачкање очи” е и ветувањето за укинување на партиципацијата за услугите во јавното здравство.

Филипче, во делот на програмата на СДСМ насочена кон здравството, освен што ветува, енормно повисоки плати на сите здравствени работници, се обврзува и да ги врати докторите од странство во Македонија. СДСМ пред седум години пред да дојде на власт не штедеше на ветувања. Ако се реализираа сега ќе имавме бесплатно јавно здравство, нов систем за „мој термин“, а медицинскиот кадар ќе имаше бесплатна едукација и двојно зголемена плата и награди.  – Наместо тоа,  македонското здравство го одбележува недостиг од  терапија, необновени позитивни листи кои се ветуваат со години , низа скандали, афери, незадоволен медицински персонал и уште понезадоволни граѓани од здравствениот систем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста