НАТО отвора перспективи-домашните стопанственици со оптимистички очекувања

По влезот во НАТО, редно време е економиите на Балканот забрзано да се развиваат. Без заедничка соработка, државите од регионот тешко можат самите да ги поттикнат своите економии да ги достигнат посакуваните стапки на економски раст. Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, очекува македонските компании да стекнат што е можно повеќе трговски партнери, што би придонело кон раст на извозот и зголемување на трговската размена.

-Бизнисот е клучот на проблемите на Балканот. Ако се здружиме сите така ќе ја отвориме варатата на ЕУ, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Владата и натаму најавува зголемување на примањата на работниците. И покрај негодувањето на бизнисите од трудовоинтензивните дејности дека тешко ќе издржат уште еден пораст на минималната плата, надлежните велат дека инвестициите на новите странски компании, но и на домашните фирми ќе резултираат со зголемување не само на минималната плата, туку и на просечните примања во земјава.

„Платите не растат само заради зголемување на минималната плата, туку повеќе растат како притисок од три аспекта: се отвораат нови работни места, само до сега се потврдени 18 нови странски фабрики то ќе вработат околу 4.000 луѓе, а и македонската економија вработуваше интензивно лани и тоа се двете причини заради кои ќе има недостиг на работна рака. Воедно, добар дел од луѓето се иселуваат и секако треба да направиме тоа да престане. Таквите околности пред се ги зголемуваат платите во реалниот сектор и во реалната економија“ – рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Стопанската комора на Македонија која обединува најголем број од компаниите во земјава одбележува 97 години активна работа на полето на подобрување на условите за водење бизнис.

Тања Попова