Наставник по фискултура назначен за директор на Центар на култура во Струмица

Фискултурец и порнешен директор на градинка, ќе биде нов директор на Центарот за култура „Антон Панов„ во Струмица. Иако на огласот аплицирале уште двајца работници од областа на културата, изборот паднал токму на него, со образложение дека поднел најдобра програма за работа. Фискултурецот успеа да победи актерка со триесетгодишно искуство и културен менаџер со мастер студии на Унеско катедрата при Универзитетот за уметности во Белград. Во решението што кандидатката Јасминка Пијанманова вчера го добила од министерството пишува дека е одбиена поради тоа што не доставила документ за познавање на англиски јазик, иако на нејзината диплома јасно пишува дека студирањето се одвивало на француски и англиски, што е доказ дека има врвни познавања од странски јазик. Менаџерот со диплома од катедрата на Унеско прашува како е можно да се избира директор без да се направи интервју со кандидатите.

  „Поставениот човек и не е опшествено културен работник, иако во самиот оглас пишуваше дека треба да биде докажан во областа на културата. Овој човек никогаш и никаде не бил присутен и не правел културни настани за ние да го знаеме. Јавноста го знае како директор на детска градинка и не знам колку е тој релевантен да биде на чело на една ваква институција„-изјави Јасминка Пијанманова.


И од синдикалната организација на Центарот за култура се изненадени од изборот на новиот директор. Велат дека неговото назначување се коси и со статутот на институцијата и со огласот. Тој нема познавање од културна политика , ниту пак некогаш бил културен работник, иако во огласот јасно пишува дека кандидатот треба да има минимум 5години работно искуство во културата и да достави доказ дека во јавноста е познат како општествен и културен работник. Назначувањето на несоодветна личност ќе биде погубна и за театарот и за домот на културата во Струмица, објаснуваат од синдикатот.
На пршањето дали е можно фискултурец да биде директор на театар и дом на култура,побаравме одговор од ресорното миностерство,од каде одговорија дека двајца од кандидатите биле без целосна документација. Едниот немал сертификат за англиски јазик, а другиот доказ за тоа дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник. Единствено целосна документација имал третиот кандидат, по што бил избран. Кандидадатите најавија дека размислуваат да го обжалат огласот..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста