Наставниците револтирани од новата идеја на Царовска да работат од дома за да се штеди греење

Сулудо и крајно необмислено е образложението наставниците да држат онајл настава од дома за да не се греела целата училница – бурно реагираат наставниците, по вчерашната изјава на министерката Царовска. Сте прашале ли велат, некој наставник пред да донесете вака неиздржана одлука, дали имаме ресурси и услови да ја донесеме училницата дома и при тоа целата приватност да ја подредиме на онлајн наставата? Знаете ли колку маневри се потребни да се креира работен простор во домот на наставникот во чие семејство има уште двајца ученици кои следат оналајн настава? Сте не прашале ли колку пари не чинеше снабдувањето со комјутери за сите ? Знаете ли дека немаат сите наставници еднакви услови за одржење на часовите од дома ? Овие прашања ја мачат и нашата соговорничка, таа е наставник со долгодишно искуство и во име на своите колеги раскажува со што се соочуваат.

„Како прво треба греење во сите простории од домот,дали секој има парно греење во сите простории е прашање, ево јас лично немам и имам плус две деца дома кои исти така треба да следат онлајн настава.И месечно плус за интернет трошоците,плус со возилото што доставувам печатени матерјали.Одиме на училиште ги внесуваме таму часовите секојдевно,значи се зголемуваат многу трошоците“, вели наставничката.

Има ученици со посебни потреби, чии родители се социјални случаи и немаат можност да им обезбедат услови за следење на онјлан наставата. Згора на тоа, со тие деца треба индивидуално да се работи со класична настава со физичко присуство, затоа што им треба посебно внимание-вели нашата соговорничка, раскажувајќи од лично искуство.

„Лично јас имам случај дете со посебни потреби и неговите дома се со посебни потреби немаат нити телефон, нити комјутер можно е да им е исклучена во моментов и струјата затоа што немаат сретства да ги подмират тие трошоци, како тоа дете ќе работи? Таблет тоа дете доби од Владата таблетот искрено не ми се допадна, јас го најавував на платформата таблетите не се во можност да се користат за следење онјалн настава, а и како ќе го користи таблетот кога во мементов можно е да им е исклучена струјата, интернет нема. Значи тие деца остануваат дискриминирани“,додава.

Наместо да се аздисува со купување лаптопи на пратениците, државата беше должна да обезбеди комјутер за сите 40.000 дечиња чии родители не се во можноста да им купат рачунало, а на семејставата со социјални примања да им ги подмири сметките за струја и да им обезбеди интернет-вели нашата соговорничка која смета дека одлуката да се се држи настава од дома е економски крајно неоправдана.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста