Нашиот Елиф Елмас со Наполи вечерва во Финалето на италијанскиот фудбалски куп

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска ќе биде дел од големото финале на Италијанскиот фудбалски куп во кое неговиот Наполи од 21 часот во Рим игра со Јувентус. Станува збор за еден меч, а не како до сега за два финални што се должи на забрзувањето во светот на фудбалот на кој му недостасуваат термини. Инаку Елмас треба да се најде и во почетниот состав како што тоа беше пред четири дена кога наполитанците издржаа на 1-1 против Интер и со вкупни 2-1 си ја обезбедија 11-тата завршница во која го бараат шестиот трофеј и тоа против најуспешниот тим во Копа Италија, Јувентус кој има 13 пехари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста