Народот и вечерва на улица: Во 11 градови попладне протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад – уште еден масовен протест најавен за денеска  низ 11 града од страна на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат, за како што велат да не се дозволи Заев да ја промени македонската историја.

Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. „Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. „Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот“- посочуваат од партијата.

Денешниот протест ќе биде само уште еден во низата на протести кои ги организираше опозицијата. Ваков протест беше одржан и во саботата каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Мицкоски го повика Заев да си поднесе оставка, а како единствено решение за спас на она што може да спаси во моментов е формирање на влада за нациоанлен спас. Им порача на властите во Софија дека се излажале ако мислат дека со квинслишка власт ќе го остварат она што наумиле:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ испрати и порака до меѓународната заедница дека ова што се случува е недозволиво. Побара поддршка за да покажеме како достоинствено, со знаење, умешност и посветеност можеме да го изодиме патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста