Народниот правобранител се вклучува во разрешување на хаосот со хирушките сали

Народниот правобранител се вклучува во разрешување на хаосот со хирушките сали

И Народниот правобранител отвори предмет за хаосот со хирушките сали. Додека се чекаат германските резултати, ќе се проверува што ја предизвикува непријатната миризба во операционите сали на Клинички. Ќе се утврдува дали се прекршуваат правата на пациентите, со тоа што одложени се илјадници операции за еден месец…Од кабинетот на Зибери, по сопствена иницијатива побарале информации од здравствените власти, на колку пациенти им се одложени интервенциите, и кога ќе се реши проблемот со најголемиот хирушки блок во Македонија.

Во меѓувреме надлежните најдоа привремено решение. Со надворешни компресори колку толку да го смири хаосот и да ги врати хирурзите во дел од салите на клиниките. На ваков начин, на трауматологија и ортопедија од шест сали во функција времено се ставени четири. Единствено, Урологија функционира со целосен капацитет, а се очекува на Клиниката за дигестивна хирургија неделава пак да почнат операциите во само една хируршка сала, затоа што абдоменалните хирурзи досега воопшто не оперираа.

Она што виси е дали и за колку време ќе се реализираат одложените интервенции на кои чекаат илјадници пациенти. Според проценките на хирурзите, за овие 30 тина дена откако се затворени салите – откажани се повеќе 2.000 операции, а се стравува дека летниот период дополнително ќе ја пролонгира листата на чекање.

Укажувањата од Владата за промена на компресорската станица и на инсталацијата на хируршките клиники уште патуваат до заедничките служби. Откако Заеднички служби ќе го добијат дописот од Владата, за една недела треба да достават оперативен план.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )