Народна банка: Намален понудениот износ на благајнички записи

Народната банка одлучи да го намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка.

На аукцијата којашто ќе се одржи на 15 април, понудата на благајнички записи ќе се намали за 130 милиони евра во однос на достасаниот износ. На аукцијата, ќе бидат понудени 276 милиони евра, по непроменета каматна стапка од 1,75%.

НБРМ очекува средствата ослободени со намалената понуда кај благајничките записи да придонесат за натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста