Наркозависници- Еднаш казнаети по своја вина, втор пат поради слабости во системот

Затворањето на очите пред проблемите со кои се соочуваат наркозависниците кои од оправдани или неоправдани причини не добиваат соодветен третам , не води кон ништо-вели доктор Весна Лаброска која повеќе од една деценија работи со оваа категорија луѓе.Бројот на наркозависници посебно на хероинските -расте, во моментов во охридскиот Центар за превенција и третман на болести на зависност од дрога кој е и регионален, се лекуваат над 180 пациенти од Охрид, Струга, Дебар и Кичево на возраст од 19 до 60 годиини. Центарот кој според обемот на работа е најголем по бројот на пациенти во внатрешноста на земјава,функционира во две мали простории и несоодветни услови,а за наркозависниците се грижи само еден лекар.

  • Јас не сакам да Ве замарам со тоа што значи протокол и колку треба лекари,колку медициски сестри, значи со 180 пациенти од скрос различни средини работам јас и 3 медициски сестри.А колку треба да има по протокол ? Да речеме, на еден тим 50-тина пациенти.Просторот ќе се среди, ќе се направи тоа ,ама треба персолан, треба луѓе што работат-вели д-р Весна Лабоска Центар за наркозависници.

Годините минуваат но никако да се најде и соодветна локација за Центарот и негово доопремување. Од 2017-та година, откако се затвори Дневниот центар за лекување на наркозависници кој беше сместен на приватен имот близу детска градинка, сега објектот во кој добиваат терапија, се наоѓа во кругот на болницата- во непосредна близина на инфективното одделение, во иста зграда каде што се наоѓа и одделението за туберкулоза.

Откако на социјалните мрежи осамна фотографија на нарозависник кој полугол се шеташе во кругот на болницата,лекарите негодуваат.Иако инцидентот се случи одамна,тие сметаат дека ова не е содветна локација за наркозависниците. Директорот на болницата вели,наше е да им обезбедиме терапија, други институции одлучуваат каде може да се згрижат наркозависниците, без да се рашетуваат селејќи се од една во друга болничка зграда. Извесен период наркозависниците делеле исти ходници  со трудници, новороденчиња, жени кои се лекувале од гинеколошки заболувања.

  • Порано центарот беше во старата зграда уште пред да се гради болницата, над одделот за гинеколгија, сега е дислоцоиран во најоддалечениот дел од болницата кој што нема допирна точка со болницата-рече Горан Балев-директор на општа болница Охрид.

Ако како општество сакаме да ги лекуваме, не треба дополнително да ги маргинализираме,вели доктор Лаброска која се залага за подостоинствени услови на наркозависниците кои сред зима надор, еден по еден чекаат додека да им дојде ред да ја примат потребната терапија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста