Направен е хируршки зафат врз рамото на Матијас Де Лихт, ќе отсуствува три месеци

Врз најголемото и најскапото засилување за одбраната на Јувентус во минатата сезона Матијас Де Лихт е извршен хируршки зафат со кој било третирано рамото кое му создавало проблеми и болка на Холандскит стопер неколку месеци. Тој ќе мора долго да се рехабилитира и нема да биде во можност да игра околу три месеци, период во кој би можеле да стивнат гласините дека тој не е задоволен во Торино и дека сака да си замине во Барселона.