Наполи го „врза“ Елмас за наредните пет години

Елиф Елмас и официјално го продолжи договорот со Наполи до 2025 година, потврди италијанскиот клуб.

Одличните настапи на 26 натпревари, со еден постигнат гол и асистенција, беа доволни за раководството да му понуди подобри услови се со цел да го задржат во наредните пет години.

Иако клубот не ги открива деталите, според италијанските медиуми македонскиот репрезентативец добива покачување на платата за 300 илјади евра, или заработка од 1,8 милиони евра по сезона.

Елмас минатото лето од Фенербаче пристигна во Неапол за 16 милиони евра плус бонуси.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста