Наплатната рампа кај Кадрифаково поприоритетна за Власта од санирањето на свлечиште

Куп карпи. Ова е сликата на автопатот„ Гоце Делчев„ што го поврзува истокот со метрополата, на 10километри пред Миладиновци. И по три месеци магистралната делница стара речиси три години се уште е ризична за патување. Камениот масиф расфрлан по едната коловозна лента, никој не го расчистува.

Ваква е состојбата на автопатот Штип-Миладиновци. Големиот одрон се уште ја има блокирано едната коловозна лента од магистралната делница. Дополнителен проблем и страв кај возачите претставуваат овие карпи кои се надвиснати токму над магистралата.

Професори од Градежен факултет направија увид и на двете свлечишта на автопатот Штип-Миладиновци. Констатираа дека ќе биде потребна поголема механизација за отсранување на карпите, за да не дојде до уште поголемо свлечување на камења и земја на патот.

Минатиот месец во Штип, ресорниот министер Бочварски вети санирање на состојбата. Најави дека во тек е и тендерска постапка за избор на компанија  која со механизација ќе одговори на операцијата што треба да ја изведат тимови на ЈП Македонија пат.

Алфа праша и во Министерството за транспорт и врски до каде е постапката за расчистување на свлечиштето и дали веќе е избрана компанија, но до овие вести не добивме одговор.   И додека граѓаните чекаат надлежните да го на санираат свлечиштето, забрзано се работи на патарината кај село Кадрифакова, која на почетокот од месецот камион натоварен со вреќи ја поткачи и целосно уништи една од наплатаните кабини. Среќа во несреќа беше тоа што  немаше жртви, туку  беше пречнета голема матрејална штета. Според најавите двете патарини граѓаните ќе ги чинат долопнителни 120денари во правец.    беше уништена од не стивнуваат реакциите на граѓаните за изградба  на двете патарини на овој магистрален правец. Забрзано се работи и на патарината се побројни се реакциите на граѓаните 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста