НАПАД ВО ЦРКВА ВО КАЛИФОРНИЈА – ИМА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе, каде непознат маж ги нападна присутните. Неколку лица се повредени, а жртвите биле прободени со нож. Силни полициски сили пристигнаа на местото на нападот. Црквата се наоѓа во близина на универзитетскиот кампус. Полицијата првично На профилот на Твитер објави дека осомничениот за нападот е уапсен, а подоцна ја избриша објавата и напиша дека истрагата е во тек.Засега не е познато колку лица се повредени, но се наведува дека некои од нив се во критична состојба.Полицијата наведува дека за време на нападот немало никаква служба во црквата, но дека на бездомниците им било дозволено да влезат во неа за да се спасат од студот.