Наместо помош, навреди и омаловажувања, скандалозни однесувања на градоначалникот на општина Лозово

И додека на социјалните мрежи граѓаните се мобилизираат, надлежните неми на лелекот на осумте деца од село Караманово. Градоначаликот на Општина Лозово Ацо Велковски наместо со конкретна помош, тој на својот Фејсбук профил јавно го линчуваше 44 годишниот Санде Стојанов.

Под фотографиите кој ги објави како се грижи за семејството донирајки новогодишни пакетчиња, тоалетна хартија и кутија во која претпоставуваме има храна, тој го осуди таткото нарекувајки го алкохоличар и неработник, а судејки според пишаното според него грев е најстарата ќерка што заминала на годишен одмор во Охрид.

Алфа и по два дена не успеа да оствари средба со првиот човек на Општина Лозово Ацо Велковски. Иако вети дека ќе не прими и ќе образложи што досега направил за ова семејство, поради градначалничките активности не успеа да најде време за нас.

Сепак во телефонскиот разговор не изостави да каже дека против него се води политичка хајка, а за тврдењата дека се заканувал дека ќе им ја прекине социјалната помош се невистинити.

Тврди дека семејствотот било платено(од опозицијата) да шири вакви лаги..

Не успеавме да добиеме одговор дали општината ќе помогне да го анулираат долгот за вода,поради што постои опасност да им ја ислучат.

Деновиве, откако Алфа ја објави потресната прказна за десетчленото семејство кое живее во беда и сиромаштија до нив пристигнаа и првите донации во храна, топла облека и хигиенски средства. Благодарение на битолчанец кој сака да остане анонимен подмирувајки им ги сметките во куќата има светло.

Александра Ристевска