Наместо одгворност за црните бројки, Филипче понуди лош хумор

Македонија со преку 35 илјади заразени со ковид 19 и над 1.000 смртни случаи, од кои 108 само во последната недела, ита кон врвот на листата земји со најскапо „платен данок“ во човечки животи. Овие црни ковид статистики го сместија министерот Венко Филипче при врвот на листата министри за здравство со најлоши резултати во светот. Одговорност ресорниот министер не чувствува, уште помалку пак размислува за оставка.

За разлика од Филипче, неколку министри во светот си ги признаа грешките но и беа под пристисок од јавноста да се повлечат од функциите сред пандемија. Полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски по жестоките критики од јавноста за неговото лошо справување со кризата, како и поради скандалот со набавка на респиратори и заштитни маски си даде оставка. Здравствената криза предизвика и политички последици во Чешка – каде министерот за здравство Роман Примула беше повикан на оставка од премиерот Бабиш. Откако беше јавно фотографиран како ги прекршува здравствените пртоколи – не носеше маска на јавен простор. Слична судбина имаше и новозеландскиот министер Дејвид Кларк кој поради кршење на пртоколите и лошото менаџирање со пандемијата беше принуден на оставка. Освен овие, и холандскиот и пакистанскиот министер не останаа долго во справувањето со ковид кризата. Наспроти ова, нашиот министер, најде време и за лош хумор…

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста