Наместо минималец за работниците пола плата?!

Минималната нето плата од 14 500 во време на кризата предизвикана од корона вирусот за голем дел од работниците веројатно ќе остане само желба. Средствата кои тие ќе ги добијат на нивните сметки може да бидат многу помали. Односно тие 14 500 кои би ги обезбедила државата ќе бидат средства без платени придонеси. Кога од таа сума ќе се одбијат придонеси од околу 37 проценти останува помала сума од околу 10 000 денари. Дополнително деновиве треба да се допрецизира законската одредба од законот за работни односи кој предвидува исплата на 50 проценти од платата во услови на прекин поради виша сила. Доколку се активира ваквата уредба тоа ќе значи дека на работник кој сега земал минимална плата од 14 500 денари, сега фирмата може да му исплати плата од 7250 денари. Министерката Aнгеловска Ја префрли топката на труд и социјална политика.
“Законот за работни односи е под министерството за труд и социјална политика. Зборуваме за член 112 кој што вели виша сила и другиот член кој вели во прекин на деловна активност. Угостителите бараат јасно толкување. да знаат како се смета пандемија. пандемија е виша сила. Меѓутоа точно толкување треба да даде министерството за труд и социјална политика:”., изјави министерката Ангеловска.

Опозицијата смета дека со овие мерки владата го докажала калкулантскиот однос на владата кон стопанството и граѓаните.

“Слушнавме најразлични изјави од претставници на власта кои се менуваат од ден во ден.Во зависност од посакуваниот ефект. Што само по себе потврдува дека немаат конкретни мерки за помош на македонската економија и македонското стопанство. Штип со 8000 конфекциски работници е еден од градовите кои најмногу ќе бидат погодени од овој манипулативен однос и од непромислените чекори на власта”., изјави Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку за да можат да ги користат владините мерки за дел од платите компанииите ќе треба да не отпуштале вработени до јули, да имаат намалување од 30 проценти на приходи и да не делеле бонуси и дивиденди. Можат да аплицираат и управителите на компаниите. За обезбедување на средства за овие мерки владата планира да издаде и еврообврзниза од 800 милиони евра. Од светска банка се најавени 140 милиони евра, а Македонија чека потврда од ММФ заа 167 милионии евраа.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста