Наместо да закрепнува, туризмот во државава е пред сериозна закана од целосен колапс

Најбрзорастечката стопанска гранка-туризмот, е пред колапс, странците на големо ги откажуваат склучените пакет аранжмани. Холандските тур оператори се правдаат дека немале време да ја лансираат продажбата на аранжманите за нашата земја,бидејќи холандската влада се до средината на месец јули не дозволува летови надвор од државата,вклучитено и во Македонија.Ова според туристичките работници е бледо оправдување, бидејќи холанѓаните на ривиерата требаше да пристигнат во втората половина на месец јули.

И не се во прашање само холандските туристи, полјаците само што почнаа са доаѓаат во Македонија,матичната земја воведе 10 дневен карантин за сите, кога ќе се вратат дома од одмор.Прашање на време е кога и полските тур оператори ќе ги откажат закупените резервации, велат туристичките работници.

Од оние надежи што ги имавме дека оваа сезона не може да биде полоша од претходната, најверојатно се ближиме кон едно слично, ако не и полошо сценарио од минатата година.За жал операциите годинава ќе бидат комплетно сторнирани – изјави Ана Јанчева Дудановска – хотелиер.

Минатата година ако ништо друго,имавме државна помош за плати,а годината такво нешто нема.Лани се доделија 100.000 ваучери, година 1.250-појаснува Дуданоска,сега вели делод загубите делумно ги покривааат свадбите.

Бројот на гости е многу мал, ширењето на заразата ги плажи потенцијалните гости, а на пробемите им нема крај.

Самите тур оператори кои имале договори со авиокомпании да летаат на одредени дестинации, а минатата година ги имаат откажано, оваа година тие договори не се обновуваат тек така лесно затоа што и тие самите не знаат колкав број на гости ќе треба да патуваат,се ставаат и тие во ризик.За да ги намалат нивните ризици, само ги откажуваат дестинаците кои не им се толку важни во моментов т.е. каде што не добиваат поголеми приходи – изјави Крсте Блажески – претседател на ХОТАМ.

Хотелските капацитети сред лето се исполенти само 10% и тоа претежно од домашни и мал број странските гости кои доаѓаат во приватна режија. Причина за ваквиот одзив туристичкте работници ја гледаат и во слабата промоција на Македонија.Допломатската офанзива затаи, а се пропуштија ни сите саеми за туризам надвор од земјава.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста