Наместо да се намалува, администрацијата ќе продолжи да се полни по етнички клуч

Нови 800 луѓе од кои 640 Албанци веќе од следната недела се очекува да се вработат во јавната администрација, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“. И додека власта на големо најавува кратење на натрупаната администрација, сега подготвува нов конкурс за вработување.

Паралелно со конкурсот, се подготвуваат законски измени за да се надмине аномалијата кога претставниците на една заедница се декларираат како членови на друга, само за да бидат вработени.

  • Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување адекватната застапеност, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долго очекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале.

Од министерството за информатичко општество и администрација подготвувале и законски измени како механизам за спречување Македонците да ги заземаат  работните места наменети за Албанците заради правичната застапеност во државните институции, велат од таму. Постапката за законските измени би траела неколку месеци.

  • Работната група во нашиот ресор подготвува измени и дополнувања на Законот за државни службеници, кои според динамиката на работа се очекува да бидат готови до крајот на декември, велат од Министерство за информатичко општество и администрација.

За експертската јавност ваквиот чекор бил погрешен и можел да донесе големи последици. Професорката Гордана Силјановска Давкова вели дека надлежните морале добро да размислат пред нешто да направат, зашто погрешните политики можеле да доведат до голема поделеност меѓу народот.

Колку за потсетување, нешто повеќе од 1.300 работници по рамковен договор седат дома, а земаат плата. Претходно од власта најавија дека тие ќе се распоредат во целиот јавен сектор и дека процесот ќе траел неколку месеци.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста