Наместен конкурс за вработување на кустос археолог во Охрид?

Археологот Никола Паскали обвинува дека конкурсот за враборување на кустос археолог во охридскиот Завод и Музеј бил наместен.

-Во државната институција која го уништи Охрид, културното наследство и многу луѓе кои сакаа да се занимаваат со истражувачка дејност, имаше интервју за работно место кустос археолог. Откако првиот конкурс беше поништен, бидејќи го обжалив, се распиша нов оглас на кој за едно работно место конкурираа 7-мина.Кога ги видов прашањата, крајно револтиран и во знак на протест го напуштив интервјуто- вели Паскали бидејќи истите беа од правен карактер и намерно така конципирани за да се фаворизира еден од кандидатите кој според неговите сомневања, можеби и однапред ги знаел прашањата. Не сум против никој мој колега, ги почитувам сите,но сум против затворени за соработка институции, сум против нередовна плата и не решен работен однос. Против сум што никој не превзема одговорност.

Имате колеги археолози кои работеле 20 години за Завод и музеј Охрид и немаат никаков регулиран работен однос.Значи тие работеле како надничари во државна институција со стручно образование.Можеби и јас да ќутев и да не барав плата редовна и да не барав регулиран работен однос како што треба и работа по стандарди и прописи, ќе си одев на работа сега, ќе си земав плата и немаше во Охрид да има,како што нема археолошки истражувања-рече Никола Паскали-археолог.

Оваа институција уништи многу идеи на луѓе кои сакаа да направат нешто за Охрид. Што направи за стручните работници и истражувачите? Во Охрид да нема работа за археолог,трагично и жало. Во Охрид и околината се регистрирани повеќе од 400 археолошки локалитети,а во иституцијата работат само 5 архелози-вели Паскали.

Хронолошкиот ред со вработувања во Завод и музеј е ваков:70-ет и некоја година има 1 вработување археолог кустос, потоа 2014-та се вработуваат 4-ца археолози и сега 2021-ва  уште1 и сето тоа испреплетено со брачни парови.Значи Вие во една државна институција имате неколку брачни парови-рече Никола Паскали-археолог.

Прашњата на конкурсот беа издржани извлечени од стручна литература,институцијата Завод и музеј враборива според закон. На кандидатот Никола Паскали со договор на дело му понудив работа како кустос водич,но тој ја одби. Сите коие работат за Завод и мизеј со договор на дело редовно примаат приходи-вели Директорката на Завод и музеј,Даниела Недељковиќ.

Инаку првиот конкурс за вработување бил понишен бидејќи бил споведен без правилник за оценување, а кандидатите на писменото полагање наместо комисија, ги надгледувал возачот во Завод и музеј.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста