Производите во „есенската кошничка“ нема да имаат замрзнати цени, туку ќе се ограничи маржата

Производите во „есенската кошничка“ нема да имаат замрзнати цени, туку ќе се ограничи маржата

Цените нема да се замрзнуваат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на трговците на големо и мало. Министерот за економија Бесар Дурмиши во консултација со бизнис заедницата и сите засегнати страни го скрои предлогот кој треба да биде ставен на владина седница и за него да дискутираат министрите следната недела. Со оваа мерка за маржи до 10% ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи до 10 проценти, лебот и пекарските производи, млеко и млечни производи, овошје, зеленчук и други. Мерката ќе биде краткорочна и ќе важи еден месец, а истата ќе с еноси и за новогодишните празници, Велигден, Рамазан – најави Дурмиши.

Вчера Дурмиши ја ставил т.н. „есенска потрошувачка кошничка“ на дневен ред на Владата, но премиерот Мицкоски вели дека предлогот треба да помине повеќе филтри и дека е потребен поголем дијалог со бизнис заедницата за да се дојде до конечна одлука која ќе стапи во сила.

„Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Законот за нефер трговски практики со кој, меѓу другото, се ограничува рабатот кој добавувачот му го одобрува на купувачот, ќе стапи во сила кон крајот на септември онака како што е предвидено – вели Мицкоски, освен доколку стопанските комори немаат други барања. Министерот за економија Дурмиши вели дека примената на овој закон дополнително ќе придонесе за намалување на цените на производите.

Граѓаните секојдневно алармираат поради високите цени во продавниците и маркетите. Инфлацијата во август изнесуваше 2,2%. Аналитичарите во повеќе наврати побараа поригорозни инспекциски контроли и државата да го стимулира домашното производство за да се спречат поголеми ценовни шокови и нереално поскапување на стоките и услугите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста